Насилството мора да престане, рече американскиот претседател, Доналд Трамп по вооружениот напад во синагогата во американскиот град Питсбург. Тој изјави дека е ужасно тоа што се случува во Америка поради омраза и порача итно да се преземе нешто и дека вооружени чувари во секоја црква и синагога се некаква опција.
Трамп во своето обраќање во воздушната база Ендрус рече дека исходот од нападот можеби би бил поинаков доколку во синагогата бил присутен вооружен чувар, пренесе АП.
Трамп го предложил тоа како идеја за сите цркви и синагоги и потенцирал дека за сторителите на вакви дела треба смртна казна.
Во вооружниот напад во синагогата животот го загубија најмалку осум луѓе, а тројца полицајци беа ранети. Напаѓачот беше ранет во престрелката со полицијата, по што беше уапсен.





