Претседателот на САД Доналд Трамп во пост на Твитер го нарече лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун „лудак“.
-Ким Јонг Ун од Северна Кореја кој очигледно е лудак и не се грижи што го изгладнува или убива својот народ, сега ќе биде ставен пред испит со каков досега не се соочил, напиша Трамп.
Претходно, севернокорејскиот лидер, коментирајќи го говорот на Трамп во ОН му порача: „Јас сигурно и дефинитивно ќе го скротам ментално пореметениот со оган“, ја пренесува изјавата на Ким, официјалната севернокорејска централна новинска агенција.