Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп до Меркел: Платете повеќе за НАТО, лошо влијаете на другите

0
By Нова ТВ on July 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 3, 2018 10:49

Воопшто не сум импресиониран од вакви писма, беше коментарот на белгискиот премиер Шарл Мишел за писмото што на 8 земји членки на НАТО го испрати Доналд Трамп.

Американскиот претседател во писмото вели дека на Американците се уморни од нивното учество од 70 отсто во буџетот на НАТО и да посветат 2 отсто од нивниот бруто производ на заедничката одбрана до 2024 година.

“Станува се потешко да се оправда пред американските граѓани фактот што некои земји не придонесуваат за заедничката безбедност во НАТО”, вели тој и додава – “очекувам од вас силен нов ангажман за да се постигнат целите што ги фиксиравме”, им пишува Трамп на Белгија, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Норвешка, Холандија и Германија.

Писмата не се идентични копии за сите земји, па така пораката до канцеларката Ангела Меркел содржи остар јазик. Делови од ова писмо пренесе Њујорк Тајмс:

“Како што разговаравме за време на вашата посета во април, постои растечка фрустрација во САД поради тоа што некои сојузници не испорачуваат како што беше ветено. Контнуираното германско недоволно учество ја нарушува безбедноста на Алијансата и им дава оправдување на други сојузници кои исто така не ги испорачуваат нивните ветувања за воена потрошувачка, а тие вас ве гледаат како модел”, пишува Трамп до Меркел. Потоа тој додава дека го разбира домашниот политички притисок но се дава себе си за пример и додава дека тој потрошил “значителен политички капитал за да се зголеми воената потрошувачка”. Според Њујорк Тајмс, Трамп сугерира дека и САД би можеле да го преуредат нивното воено присутво во светот ако сојузниците не почнат да трошат повеќе за одбрана.

“Станува се потешко да се оправда пред американските граѓани фактот што некои земји не придонесуваат за заедничката безбедност во НАТО додека американските војници и понатаму ги ризикуваат нивните животи во прекуморски операции или доаѓаат дома сериозно ранети”, вели Трамп.

Не знаеме дали Трамп добил одговор на ова писмо од сојузниците, но оваа порака, испратена на неколку дена пред самитот на НАТО во Брисел, ветува затегната атмосфера помеѓу САД и ЕУ за време на состанокот на врвот. Особено откако Трамп започна трговска војна со европските сојузници воведувајќи даноци на европските челик, железо и автомобили.

Од последната посета на Трамп во Белгија во мај 2017 година

Единствениот одговор стаса од белгискиот премиер Мишел кој пред новинарите изјави дека вакви писма обично се праќаат пред самити и додаде дека Белгија е горда што е стопирано намалувањето на воените трошоци а Белгија се подготвува да започне со инвестициска програма од 9.3 милијарди евра токму во оваа област со обнова на воената флота со авиони Ф-35 произведени во САД.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.