Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Милер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори.
Милер е задолжен да открие дали имало соработка меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година.
Трамп ја оквалификува истрагата како „лов на вештерки“, додека Русија негира каква било вмешаност на руските власти во американската кампања.
Весникот наведува дека обвинителот Милер не смета дека Трамп е цел на истрагата, што значи дека не располага со индиции што би отвориле пат кон обвинение.
Според неименуваните извори, Милер им кажал на адвокатите на Трамп дека подготвува извештај за дејствувањето на американскиот претседател како и за можна опструкција на правдата од негова страна. Милер беше именуван во мај 2017 година за истрага за можна соработка меѓу кампањата на Трамп и руските власти.




