Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп е подготвен на долга блокада: Битката за ѕидот мора да се добие

0
By Нова ТВ on January 7, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 7, 2019 12:22

Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека е подготвен за долготрајна блокада на американската Влада се додека не се реши финансирањето на изградбата на ѕидот на границата со Мексико, јави весникот „Ју Ес Еј Тудеј“.

– Ова е могу важна битка која мора да се добие, изјави тој вчера во Белата куќа пред да замине нa советување со својот пресонал во воената база Кемп Дејвид.

По вторпат неделава Трамп сугерираше дека блокадата на Владата, која трае веќе 16 дена, може да предизвика воведување на национална вонредна состојба, што ќе му даде за право да користи воени средства за изградба на ѕидот.

– Владата може да се отвори уште денеска, или да остане затворена многу долго, изјави тој.

Демократите ги осудија барањата на Трамп за финансирање на изградбата на ѕидот и за некакво воведување на вонредна состојба во земјата.

-Тоа би било ужасно искористување на доларите за одбрана, Адам Смит, демократски конгресемен од сојузната држава Вашингтон и новиот претседавач со конгресниот Комитет за армиски служби, изјави за телевизијата „Еј-Би-Си“.

Тој го повика претседателот да ја деблокира Владата и да преговара за поголема безбедност на границата со Мексико и „да започне да ја плаќа нашата гранична полиција и патрола и останати 800 илјади вработени во државната администрација кои ги напуштија работните места“ и не примаат плата.

– Претседателот нема никакво разбирање на овој проблем, изјави Смит.

Републканците и демократите се најдоа во ќорсокак откако не договорија буџет за финансирање на работата на американската федерална влада. Трамп побара 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико, додека демократите, кои сега го контролираат Претставничкиот дом, на ја одобруваат изградбата и ја отфрлаат како прескапа и непрактична.

Повикуваат на преговори, но услов за тоа е привремено деблокирање на Владата.

Трамп изјави дека сочувствува со стотиците илјади државни службеници кои не работат или останале на работните места  но не се платени.

– Можат да се прилагодат, порача тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.