Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

0
By Zoran Ivanov on January 8, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 8, 2026 20:04

Доналд Трамп ги повлекува САД од 66 меѓународни организации. Со декретот на американскиот претседател на федералните оддели и агенции им се наложува во најбрз можен рок да го прекинат учеството и финансирањето на 31 ентитет на Обединетите нации и 35 организации кои не се дел од ОН.

Според Белата куќа, се работи за организации кои работат спротивно на националните интереси, безбедноста и економскиот просперитет на САД ..

Администрацијата на Трамп смета дека овие институции се непотребни, лошо управувани, расипнички, лошо водени, заробени од интересите на актерите што ги унапредуваат своите агенди спротивни на нашите, или претставуваат закана за суверенитетот, слободите и општиот просперитет на нашата нација. Претседателот Трамп е јасен: Повеќе не е прифатливо на овие институции да им се испраќа крвта, потта и богатството на американскиот народ, без многу или ништо да се покаже од тоа. Деновите кога милијарди долари пари од даночните обврзници се насочуваа кон странски интереси на сметка на нашиот народ се завршени.

На листата се најдоа Меѓувладиниот панел за климатски промени и Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, кој промовира демократски транзиции низ целиот свет…Засегнати се и бројни тела на Обединетие Нации, вклучувајќи го и Одделот за економски и социјални работи, што се занимава со прашања како што се населението, сиромаштијата и меѓународната трговска политика, и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени..

Следејќи ја пораката на Трамп, државниот секретар Марко Рубио вели дека Вашингтон се повлекува од антиамерикански и бескорисни меѓународни организации .. Сепак, најави дека ќе продолжи соработката со сите оние кои имаат потреба од помош, но средствата ќе се уплаќаат директно на државите…

Од Обединетие Нации пак велат дека поддршка ќе добијат само оние држави кои ја поддржуваат агендата на Американскиот претседател..

Даниел Форти – шеф на одделот за ОН во Меѓународната кризна група

Мислам дека она што го гледаме е кристализирање на американскиот пристап кон мултилатерализмот, кој е по мое или никако. Тоа е многу јасна визија за желбата за меѓународна соработка но според условите на Вашингтон.

Од Европската унија пак велат дека одлуката на најголемата економија во светот да ја запре поддршката за сите кои се фокусирани на спречување на климатските промени, е погрешна …

Вопке Хоекстра – Еврокомесар за клима и оддржлив раст

Одлуката на најголемата економија во светот и вториот најголем емитер на штетни гасови да се повлече од Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени е жална и несреќна.

Администрацијата на Трамп неодамна воведе санкции за специјалниот известувач на Обединетие Нации, Франческа Албанезе откако таа објави извештај во кој се документирани Американските компании кои ја помагаат војната на Израел во Газа..

Американскаста администрација, исто така, ја продолжи и забраната за финансирање на агенцијата на Обединетите Нации за палестинските бегалци..

Откако го почна вториот мандат, Трамп веќе ги повлече САД од Светската здравствена организација – одлука која треба да стартува на 22-ри јануари, Парискиот договор за климата и советот за човекови права…Во досегашниот дел од мандатот, американскиот претседател постојано критикува дека САД плаќаат за други земји, а добиваат малку за возврат.

Извор: ТВ 24

 

меѓународни организации повлече САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.