Американскиот претседател Доналд Трамп ја прошири привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, со тоа што ги додаде и Велика Британија и Ирска, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.
Забраната за земјите од шенген зоната започна да важи од полноќ, а за Велика Британија и Ирска ќе започне од понеделник на полноќ.
Целосната листа на земји за кои важи забраната: Австрија, Белгија, Велика Британија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Забраната не важи за американски државјани и за т.н. „перманент резидентс“, односно лица кои имаат зелена карта.




