Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира конзервативниот судија Брет Кавано за нов судија на Врховниот суд на САД.
Брет Кавано (53) во моментов е судија во Апелацискиот суд во Вашингтон, а беше и правен советник на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.
Кавано важи за прилично конзервативен судија со добри политички врски, а со неговото именување, според аналитичарите, Трамп започнува жестока битка со демократите, бидејќи сака да го „помести“ Врховниот суд повеќе кон десно.
Кавано изминатите 12 години беше федерален судија, кој се смета и за контроверзна личност.
Пред да стане судија, во средината на 90 тите години бил дел од тимот на специјалниот обвинител Кенет Стар и добил задача да ја истражи смртта на заменикот правен советник на Бил Клинтон Винс Фостер.
Некои конзервативци привзаници на теориите на заговор се сомневаа дека станува збор за убиство, а не за самоубиство. Меѓутоа, Кавано и останатуте од тимот заклучија дека станува збор за самоубиство и го затворија случајот.
Кавано исто така работел на прелиминарната истрага и собирањето правна документација во рамки на процесот за импичмент на претседателот Бил Кинтон поради аферата со Моника Левински. Исто така бил ангажиран и за пребројувањето на гласовите во Флорида во 2000 година кога Џорџ Буш беше избран за претседател.
После тоа тој стана шеф на кабинет на Буш.
Кавано е исто така познат и како исклучителено приврзан на Католичката црква, при што неговиот конзервативен став во однос на едно од најконтроверзните прашања – абортусот, предизвикува загриженост.
Активистите за правото на жените да одлучуваат за абортусот беа вознемирени кога Кавано пресуди против барањето на тинејџерка имигрантка во федерален притвор веднаш да и се овозможи абортус.
Но од друга страна некои конзервативци биле разочарани поради тоа што Кавано не предусил дека тинејџерката нема уставно право на абортус.
Судиите на Врховниот суд на САД кој има девет членови, се именуваат со доживотен мандат.




