https://www.youtube.com/watch?v=PY-8qp7FY_s
Сосема природно е претседателот на САД да биде во првиот ред, изјави на прес конференцијата црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по вчерашниот инидент во НАТО, кога беше истуркан од американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова Марковиќ го изјави на прес конфeренција.
Трамп во текот на движењето низ новата зграда на НАТО на лидерите на земјите членки на НАТО, во еден момент ненадејно го повлекува и го турка црногорскиот премиер и потоа арогантно го подместува костумот и застанува во првиот ред, предизвика многу негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, при шти сите го критикуваа однесувањето на Трамп.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави за УСА Тудеј дека не ја видел таа снимка, но истакнал дека местата на лидерите на земјите членки на НАТО за фотографирање се однапред утврдени, и претпоставил дека Трамп само го следел планот.
Британската писателка, Џоана К, Роулинг, авторка на хитот Хари Потер, на Твитер му напиша: Ти мал, мал човеку!





