Published: Thursday, July 6, 2017 14:52
САД го поддржуваат НАТО и членот 5 на Повелбата на Алијансата, изјави во Варшава американскиот претседател Доналд Трамп.
Неговиот изјави за НАТО секогаш се следат со внимание поради неговите изјави за време на изборната кампања кога тој велеше дека НАТО е застарена институција.
“САД докажаа, и не само со зборови туку со акции, дека ние цврсто го поддржуваме членот 5 од Повелбата на НАТО”, рече Трамп.
Сепак Трамп потсети дека земјите членки треба да ги зголемат трошоците за одбрана доколку сакаат НАТО да остане ефикасен.
Членот 5 гарантира одбрана на една земја членка на НАТО од сите други доколку една земја биде нападната според поговорката “еден за сите и сите за еден”.




