Доналд Трамп е подготвен “да го реши проблемот” со Северна Кореја без помош на Кина. Американски носач на авиони е на пат кон кореанскиот полуостров што ја предизвикува лутината на Пјонјанг.
“Северна Кореја бара неволја. Ако Кина одлучи да помогне, тоа ќе биде фантастично. Но, ние можеме да го решиме проблемот и без нив!”, напиша Трамп на Твитер.
Минатата недела Трамп се сретна со кинескиот претседател Џи Џинпинг. Од средбата произлезе дека Трамп ги поврзал трговските преговори со Кина со прашањето на Северна Кореја:
“Му објаснив на кинескиот претседател дека трговскиoт договор со САД би бил подобар за нив ако го решат северно-корејскиот проблем”, рече Трамп.
Викендов Вашингтон објави дека носачот на авиони Карл Винсон и неговата флота тргнуваат кон Кореја иако претходно беше предвидено тие да се упатат кон Австралија.
Северна Кореја во понеделникот изјави дека ова покажување на сила е “бесмислено” и рече дека подготвена да влезе во војна.
Рекс Тилерсон, државниот секретар за надворешни работи, изјави во петокот дека САД се спремни да реагираат сами ако Кина не е способна да се координира со нив.
Изјавата на Трамп за Северна Кореја доаѓа неколку дена по американскиот напад во Сирија.




