Многу сум горд што соопштувам дека денеска постигнавме договор за деблокада на Владата – изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп и лидерите на Конгресот денеска постигнаа привремен договор за деблокада на американската Влада за три недели, објави „Вашингтон пост“.
Според Трамп, договорот содржи услови Владата да се деблокира привремено, но ако за три недели не се донесе буџет за изградба на ѕид на границата со Мексико, има голема веројатност повторно воведување на блокадата.
Во своето обраќање, на кое присуствуваа потретседателот Мајк Пенс, советникот Џаред Кушнер и државиот секретар Мајк Помпео, Трамп укажа дека во игра се разни сценарија ако не се одобрат средства за ѕидот.
– Можно е воведување и вонредна состојба, рече Трамп.
Според „Си-Ен-Ен“, една од причините зошто претседателот подлегнал на барањата на демократите да се деблокира Владата за да продолжат преговорите за побезбедна јужна граница е опасност од терористички напади во големите американски аеродоми.
На повеќе аеродроми, како Ла Гвардија, Филаделфија и Балтимор, вчера и денеска се случија прекини во протокот на патничкиот сообраќај поради недостиг на вработени од државната Служба за безбедност во транспортот (ТСА) кои не примаат плата повеќе од еден месец.




