Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 22:38

Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес за кој сите мислеа дека е апсолутно погрешен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со францускиот колега Емануел Макрон.

Изјавата на Трамп дојде како појаснување на неговата денешна забелешка дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „многу отворен и многу чесен“.

Тој истакна дека Пјонгјанг бара американско-севернокорејскиот Самит да се одржи „наскоро“.

– Можеби ќе биде прекрасно. И можеби нема. … за разлика од минатите администрации, јас ќе си станам од масата, рече Трамп претходно денеска, демантирајќи ги гласините дека направил многу отстапки на Пјонгјанг.

На заедничката прес-конференција со Макрон, Трамп изјави дека во моментов многу нешта се случуваат и изрази надеж дека работите позитивно ќе се развиваат за Северна Кореја, Јужна Кореја и Јапонија.

Тој воедно истакна дека САД се благодарни на Франција за „клучното партнерство за ставање максимум притисок врз режимот во Северна Кореја“.

Нарекувајќи го Макрон „голем пријател“ и сојузник на САД, Трамп рече дека Вашингтон и Париз се соочуваат со истиот предизвик на „неконтролирана миграција“.

Тој го пофали Макрон за чесното справување со прашањето на миграцијата во Франција, дури и кога другите не се согласуваат со неговото гледиште.

Што се однесува на иранскиот нуклеарен договор, Макрон изјави дека не е тајна дека двајцата претседатели не се согласуваат на таа тема, но истакна дека Франција „посакува да работи на нов договор со Иран“.

Тој го нарече сегашниот договор „недоволен договор”, но рече дека двајцата воделе „искрени разговори” околу ова прашање.

Макрон истакна дека Франција сака да работи на нов договор со кој ќе се блокира целата нуклеарна активност на Иран до 2025 година, а во кој исто така, ќе бидат вброени и активностите на Техеран во регионот.

Трамп експлицитно го повика Иран за неговата улога во развојот на нуклеарно оружје. – Каде и да одите на Блискиот Исток, на проблемите ќе ги видите отпечатоците на Иран, вели американскиот претседател.

Што се однесува на ситуацијата во Сирија, Макрон изрази надеж дека заеднички, може да се најде долгорочно решение за таа земја. Тој рече дека меѓународните партнери треба да го „освојат мирот” во регионот.

Трамп ја истакна улогата на Франција во коалициските воздушни напади во Сирија, кои беа изведени како одговор на употребата на хемиско оружје во регионот.

Американскиот претседател изјави дека коалициониот напад врз сириските цели за хемиско оружје претставува „”силна пречка” за нивната идна употреба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.