Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп и Меј се одлучни да го спречат Асад

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп во  синоќешниот телефонски разговор се согласиле дека од клучно значење е да се спречи сириската Влада и понатаму да употребува хемиско оружје, се посочува во соопштението од Даунинг стрит 10.

– Меј и Трамп се согласија да продолжат блиску да соработуваат за меѓународнито одговор на употребата на хемиско оружје во Сирија, се посочува во соопштението.

Двајцата лидери разговараа откако британската Влада и даде „зелено светло“ на премиерката да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воена операција како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија.

Владината седница траела два часа, на која беше поддржан планот на Меј да работи со двата сојузници на „координација на меѓународниот одговор“.

Но, Владата не прецизира време ниту обем на акцијата.

– Кабинетот е согласен со потребата да се преземе акција за да се олеснат хуманитарните проблеми и да го одврати режимот на Асад од понатамошна употреба на хемиско оружје“.

Британската опозиција побара за евентуалната воена акција да се гласа во Парламентот. Премиерката нема законска обврска да го направи тоа иако е вообичаено.

И Трамп синоќа имаше состанок со неговиот тим за национална безбедност по повод ситуацијата во Сирија, што заврши без конечна одлука за евентуален воен напад.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека на состанокот „не е донесена конечна одлука“.

– Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките информации и ангажирани сме во разговорите со нашите партнери и сојузници, посочи Сандерс.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера исклучи секаква можност Германија да учествува во воени напади врз Сирија.

Таа истакна дека Германија нема да учествува во воени акции против Сирија.

Меркел нагласи дека Германија ќе поддржи и ќе прави се со цел да се испрати сигнал дека е неприфатливо користење хемиско оружје.

Во Дума е употребен нервен гас

Американски претставници добија примероци од крвта и урината на жртвите на хемискиот напад во Сирија, кои поокажуваат дека во Дума било употребено хемиско оружје, објави американската телевизија Ем-Ес-Ен-Би-Си (TV MSNBC).

Според телевизијата тестовите на примероците се позитивни на хемикалии, пред се на хлор, а некои и на нервен агенс.

Во меѓувреме, сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар Џафри изјави дека два истражителски тима на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) треба да пристигнат во Сирија поради истрага за наводниот напад во Дума.

– Двете групи одвоено ќе пристигнат во Сирија… Подготвени сме да ги испратиме до локациите на кои сакаат да одат, посочио Џафари.

ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.

Неименуван извор од сириското Министерство за надворешни работи изјави дека Западот се обидува да ја опструира задачата на мисијата на ОПЦВ и „да се вмеша во нејзината работа“.

Меј Сирија Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.