НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп и Путин се договорија за преговори за Украина

0
By Marija Todorovska on February 13, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин сака да разговара за крај на руската војна против Украина. Состанокот веројатно ќе се одржи во Саудиска Арабија, изјави Трамп во Белата куќа.

Автори: Кристијане Јаке, Ансгар Хазе, Андреас Штајн, Андре Балин

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонирал со првиот човек во Кремљ, Владимир Путин, и договори неодложни преговори за ставање крај на агресорската  војна на Русија против Украина.  Ова го соопшти по разговорот самиот Трамп а потврда стаса и од Кремљ. Двајцата претседатели според наводите се договориле за тесна соработка и средба во скоро време. Трамп потоа разговарал и со украинскиот претседател Зеленски. Истовремено владата на Трамп за прв пат јавно излезе со замислите за договорот за завршување на војната – во неколку точки јасно во прилог на Москва. Украина треба да се откаже од стремежите да стане членка на НАТО, а американски војници не треба да бидат дел од можни мировни сили.

Трамп сака да се доближи до Путин

Трамп соопшти дека имал „долг и многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин. „Се договоривме многу тесно да соработуваме и да ги посетиме обострано двете нации“, се вели во објавата на Трамп, според кого веднаш треба да започнат преговори за крај на војната во Украина. Вреди да се спомене дека Трамп дури по разговорот со Путин се јавил и кај Володимир Зеленски.  Американскиот претседател нагласува дека и Путин и Зеленски сакаат мир. Во петок, на маргините на безбедносната конференција во Минхен планирана е средба меѓу Зеленски и потпретседателот на Трамп Џеј Ди Венс. „Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде позитивен“, пишува американскиот претседател.

Во однос на  Владимир Путин, кој по нападот врз Украина на некој начин е „анатемисан“ од Западот, Републиканецот речиси зборува со одушевување. Двајцата разговарале за големата историја на двете нации, силните страни на нивните држави и „големите

придобивки што еден ден ќе ги извлечеме од нашата соработка“. Двајцата цврсто веруваат во „здравиот човечки разум“. На Трамп уште за време на првото владеење (2017 до 2021 година) му се префрлаше блискост со Путин.

Од Кремљ соопштуваат дека Путин изразил подготвеност да прими претставници на Белата куќа во Русија – исто така и за решавање на украинскиот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков. „Путин и Трамп се договорија да продолжат со личните контакти, вклучително и организирање на лична средба“, рече Песков и додаде дека Путин го поканил Трамп во Москва. Но, во телефонскиот разговор тој навел дека Русија се стреми кон елиминирање на причината за конфликтот. Според Москва, војната на Русија е предизвикана преку аспирациите на Украина да се приклучи на НАТО и наводното угнетување на малцинството во Украина кое зборува на руски јазик.

Условите на Американците за мировен договор

Непосредно пред објавата за телефонскиот повик, администрацијата на Трамп за прв пат јавно во детали објасни како си замислува крај на војната во Украина. Американците сметаат дека се неизбежни болни отстапки од страна на Киев. Покрај тоа, САД сметаат дека само Европејците имаат обврска да ја поддржат Украина и со воени средства да го обезбедуваат мирот.  Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет  ги презентираше ваквите замисли на состанок за Украина во Брисел. Со тоа ги потврди мрачните претчувства на Украинците и Европејците. Минатата година НАТО на самитот во Вашингтон ѝ вети на Украина дека нивниот пат до членство во Алијансата е неповратен.

Владата на  Доналд Трамп  пак има сосема различен став. „САД не веруваат дека членство во НАТО е реално за очекување како исход од преговарите“, вели Хегсет.

Од американска гледна точка  нереално е и враќање на украинските граници на состојбата пред 2014 година.  „Да се следи ваквата илузорна цел, само ќе ја продолжи војната и ќе предизвика уште повеќе страдање“, рече тој. Украина речиси три години се брани со помошта од Западот против руската инвазија. Русија уште во 2014 година го анектираше црноморскиот полуостров Крим.  Русија во  моментов контролира речиси една петтина од украинската територија.

САД не се подготвени да стават на располагање војници за да го осигураат мировното решение и сметаат дека за тоа треба да се погрижат европски и други сили. „Нема да се испраќаат американски војници во Украина“, нагласи Хегсет, исклучувајќи ја и можноста за распоредување на сили на НАТО.

Пораката на САД до НАТО и Европа

Владата на Трамп е посветена на трансатлантскиот воен сојуз, но бара поинаква распределба на издатоците меѓу нејзините членки. „САД веќе нема да толерираат неизбалансиран сооднос“, рече Хегсет и порача дека партнерите од НАТО мора значително повеќе да инвестираат за нивната одбрана. Европските сојузници, според САД, мора да ја сносат одговорноста за безбедноста на нивниот континент. Хегсет најави дека Европа во иднина ќе мора да го обезбеди најголемиот дел од  воената помош за Украина.

САД мора да се фокусираат на други предизвици – на пример, да ги обезбедат сопствените граници и да избегнат војна со Кина.

Какви импликации има ова за Украина?

За Украина најавите се горчлив удар, кој веќе подолго време се навестуваше. Иако Киев никогаш официјално не се откажа од целта за враќање на сите територии кои се под контрола на Русија, Зеленски и неговиот тим од неодамна сѐ повеќе ја истакнуваа можноста за  дипломатско, а не воено решавање на конфликтот. Фактичко, но не и правно откажување од територија со недели кружи како варијанта за можно мировно решение.

Володимир Зеленски Володимир Зеленски
Володимир Зеленски сепак се изрази дипломатски и му се заблагодари на Трамп за неговиот ангажманФотографија: Volodymyr Tarasov/Ukrinform/picture alliance/Photoshot

Од Русија бараното и сега од САД формулирано откажување од членство во НАТО на неокупираниот дел од Украина, во Киев беше спознаено како можна опасност. Зеленски сепак се изрази дипломатски и му се заблагодари на Трамп за неговиот ангажман и на платформата Х пиша дека „никој повеќе од Украина не си посакува мир“.

Што значи ова за Европејците?

За многу европски партнери на Украина, најавите на на американската влада ги потврдуваат нивните најлоши стравувања. Во Брисел и другите престолнини подолго време беа загрижени дека САД би можеле драстично да ја намалат поддршката и да наметнат мировно решение од кое Русија де факто ќе произлезе како победник. За време на предизборната кампања, Трамп убедено тврдеше дека може стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа – меѓу другото и поради добрите контакти со Путин.

Курсот на САД е особено проблематичен бидејќи може да доведе и до поделба во рамки на ЕУ. Унгарија уште во изминатите месеци на европско ниво ги блокираше одлуките за поддршка на Украина. Премиерот Виктор Орбан, исто како и Трамп, инсистира на брзи преговори. Освен тоа, малку веројатно е дека ЕУ финансиски и воено ќе биде во состојба да обезбеди успешно продолжување на одбранбената борба против Русија. Во Берлин и другите европски метрополи до сега се сметаше за незамислива дури и мировна мисија без учество на САД.

Што значи ова за Русија?

Една од целите на Москва во војната беше да ја спречи Украина да му пристапи на НАТО. Во тој поглед, тоа би било етапна победа, но Кремљ има и натамошни барања. Русија инсистира на целосна контрола врз регионите Харсон, Доњецк, Луганск и Запорожје кои беа анектирани есента 2022 година. Тоа би значело дека украинските војници би требало да се повлечат и од актуелната линија на фронтот. Освен тоа, Москва инсистира да има збор во украинската политика.

Текстот е сопственост на ДПА, преземено ДојчеВеле

мировен договор Путин Русија Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.