Published: Monday, June 4, 2018 17:20
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека има право да се помилува себеси, но сепак нема да ја искористи таа моќ, додавајќи дека истрагата на специјалниот совет е „неуставна“.
– Како што е наведено од бројни правни научници, јас имам апсолутно право да се ПОМИЛУВАМ себеси, но зошто би го направил тоа, кога не сум направил ништо погрешно? Во меѓувреме, бескрајниот лов на вештерки воден од 13 многу лури и конфликтни демократи (и други) е во тек – напиша Трамп на Твитер.
Коментарот на Трамп доаѓа откако еден од неговите адвокати во истрагата за Русија, Руди Џулиани, во неделата изјави дека Трамп „веројатно има“ моќ да се помилува себеси, но сепак нема.





