Published: Monday, February 20, 2017 21:52
Доналд Трамп вечерва најави дека го именувал генералот Херберт Рејнолд МакМастер за нов советник за национална безбедност на местото на Мајкл Флин.
Претседателот на САД изјави дека генералот е човек со прекрасен талент и со огромно искуство. МакМастер служел во Ирал во војните во 1991 година а потоа од 2004 година до 2006 година во Авганистан.
“Нетрпелив сум да влезам во екипата на национална безбедност и да направам се што е во моја моќ за да ги заштитам интересите на американскиот народ”, изјави генералот пред медиумите.
Мајкл Флин мораше да даде оставка од ова престижно место пред една недела откако беше откриено дека имал разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон и овие разговори ги чувал во тајност.




