Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека до збрка при прогласувањето на победникот на овогодишното доделување на Оскарите дошло затоа што организаторите премногу се занимавале со политика и за тоа рече дека е виновен тој.
-Мислам дека толку беа фокусирани на политика што ситуацијата им избега од контрола, изјави Трамп во интервју за конзервативниот портал Брајтбарт.
Според него, целата церемонија била тажна, бидејќи го немала гламурот што е вообичаен за доделување на оскарите.
Трамп и претходно ги критикуваше Оскарите на Твитер, како „здодевни“ и „тажна шега“, но во текот на вчерашната церемонија се водржа од коментгари.
Н доделувањето на наградата за најдобар филм се случи скандал, откако прво како победник беше прогласен филмот Лала Ленд, а всушност наградата беше за Месечева светлина.




