НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Ќе бидам креатор на работни места каков што Господ не видел

0
By Нова ТВ on January 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата прес конференција на новиот американски претседател наликуваше на неговите говори за време на изборната кампања и на неговите десетици секојдневни твитови. Од неа можат да се издвојат неколку важни точки но и војната што ја отвори со новинарите.

Трамп рече дека почитува повеќе медиуми но не и Базфид кои ги нарече  „неуспешен куп ѓубре“.

„Мислам дека тие ќе си трпат последици. Веќе ги трпат“, рече Трамп на адреса на Базфид.

Потоа се сврте кон Си-Ен-Ен обвинувајќи ги дека шират лаги додека новинарот на оваа телевизија упорно се обидуваше да постави прашање.

„Бидејќи нè напаѓате, можете да одговорите на едно прашање? Бидејќи ја напаѓате нашата новинска организација, може да ни дадете шанса?“, рече новинарот.

Одговорот на Трамп беше:

„Не вие. Вашата организација е ужасна”, повтори повеќе пати Трамп и не му даваше на новинарот да продолжи:

„Тишина. Не бидете безобразен. Не бидете безобразен. Не, нема да ви одговорам на прашање. Нема да ви одговорам на прашање.“

Работни места

“Јас ќе бидам најголемиот креатор на работни места каков што Господ до сега не видел и тоа навистина го мислам”, изјави Трамп. Тој додаде дека повеќе фирми како Фиат Крајслер или Форд веќе презеле обврска да ги задржат своите активности во САД.

Трамп сака да ги задржи фирмите во САД и да ги спречи нивниот бизнис да го селат во други земји. Тој вети дека ќе воведе 45 отсто царина на кинескиот увоз.

“Имавме фантастични вести во текот на изминатите две недели. Бев активен на економски план”, рече тој и додаде дека многу автомобилски фирми ќе се отворат во САД.

Две добри вести се очекуваат следната недела и тоа од Џенерал Моторс и една фармацевтска индустрија, најави Трамп.

Невработеноста во САД падна на 4.7 отсто во декември а тоа најниското ниво во последните 9 години.

Синовите ја преземаат фирмата на Трамп

Тој изјави дека контролата на својата фирма ја предал на своите два сина Ерик и Доналд Јуниор и работите така ќе останат се додека тој е претседател. Со тоа се избегнува конфликтот на интерес со претседателската функција.

Неговите два сина ќе ја водат фирмата, тоа ќе го прават “професионално и нема да за тоа ми зборуваат”, рече тој.

Неговата ќерка Иванка исто така ќе ги прекине врските со фирмата на Трамп и ќе сконцентрира на семејството во Белата куќа.

Русија

Потоа Трамп се задржа на Русија. За него досиеата со компромитирачки материја од разузнавачките служби кои ги поседувала Русија се “измислени” од неговите противници.

“Ако претседателот Путин не почитува тогаш тоа е адут”, рече тој но призна истовремено дека зад упадот во мејловите на Демократската партија за време на кампањата стои Русија.

Sидот кон Мексико

Конечно тој повтори дека ѕидот на границата со Мексико има намера да го направи веднаш и дека Мексико ќе ги врати парите

“Можев да чекам година и пол за да завршат преговорите со Мексико но ние веднаш ќе почнеме со изградба, не сакам да чекам”, рече тој.

Доналд Трамп пресконференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.