Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го успори планираното повлекување на силите на САД од Сирија, изјави американскиот сенатор Линдзи Греам.
– Мислам дека сме во состојба на пауза. Мислам дека ги успоруваме работите на еден разумен начин, изјави синоќа Греам по средба со Трамп во Белата куќа.
Трамп пред десетина дена најави дека издал наредба за повлекување на околу двете илјади американски војници од Сирија.
Греам ја критикуваше ваквата одлука на Трамп, оценувајќи дека повлекувањето на сите американски сили од Сирија ќе и наштети на националната безбедност на САД. Според него, со американкото повлекување, би можеле да се создадат услови за обнова на џихадистичката група Исламска джава, ќе ослабнат позициите на сојузниците на САД во Сирија и ќе се засили можноста за иранска закана кон Израел.
– Се уште имаме разлики, но ќе ви кажам дека претседателот длабоко и сериозно размислува како да ги повлечеме војниците од Сирија, но во исто време да ги заштитиме интересите на нашата национална безбедност, додаде синоќа Греам.




