Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно ги нападна водечките медиуми- големите телевизиски мрежи и весникот “Њујорк тајмс “- дека се “непријатели на Американците”.
Набрзо по пристигнувањето во Флорида, претседателот повторно ги зема на таргет медиумите и на својот Твитер профил објави:
“Лажните медиуми (пропаднатиот @nytimes, @NBCNews, @ABC, @CBS, @CNN) не се мои непријатели, тие се непријатели на американскиот народ!”, напиша Трамп.
На својот прва самостојна прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, Трамп жестоко ги критикуваше медиумите, велејќи дека се “нечесни”, како и тоа дека “голем број на новинари не ја кажуваат вистината.”
“Медиумите станаа толку нечесни, што ако не зборуваме за тоа правиме штета на американскиот народ”, рече тој, и истакна дека “нивото на нечесност (на медиумите) е надвор од контрола.”

