Published: Monday, February 6, 2017 19:36
Доналд Трамп ќе биде блокиран од тоа да има можност да се обрати пред британскиот парламент при неговата посета во Велика Британија, порача денеска Претседателот на Долниот дом, Џон Берскоу.
Тој рече дека бил силно против тоа Трамп да говори во парламентот и дека за да се биде поканет да се одржи говор, не е „автоматско право“, туку „заслужена чест“.
Како причини за ваквата порака тој ја наведе опозицијата на парламентот кон „расизмот и сексизмот, како и нивната поддршка за еднаквоста пред законот и независното судство“.
„По неговата забрана за влез во САД на мигрантите од одредени земји, јас сум уште повеќе против тој да се обрати пред нашиот парламент“, порача Берскоу, по што имаше спонтани аплаузи на поддршка од останатите пратеници.




