Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека разгледува донесување нов указ за имиграција, откако Апелацискиот суд во Сан Франциско одби да ја врати на сила неговата наредба за привремена забрана за влез во САД на државјаните на Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
Трамп пред новинарите за време на летот кон Флорида рече дека е уверен дека ќе ја добие судската битка, откако одлуката на АПелација, ја дал на Врховниот суд.
-Но имаме и многу други опции, вклучувајќи и донесување целосно нова наредба, изјави Трамп.
Новиот указ како рече, веројатно многу малку ќе се разликува од првиот и би можел да биде донесен во понедленик или вторник.
Судскиот совет во четвртокот едногласно одби да ја суспендира пресудата на понискиот суд со која минатата недела забраната на Трамп привремено е ставена надвор од сила по тужба на федералните држави Вашингтон и Минесота.




