Наместо да го спушти тонот кон Русија, американскиот претседател ја крева тензијата. На ден од првата средба на Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, Американецот го криткуваше однесувањето на Русија како “дестабилизирачко”.
Двајцата лидери закажаа средба утре во Хамбург на маргините на самитот Г20.
Трамп е денес во Варшава и изјави дека САД работат со нивните сојузници за да ги спречат “акциите на Русија и нејзиното дестабилизирачко однесување”.
Тој исто така порача дека Русија можела да се вовлече во американските претседателски избори: “Едноставно мислам дека тоа би било многу добро за Русија. Мислам дека тоа можеле да бидат и други земји. Нема да бидам прецизен. Но мислам дека многу луѓе се замешале”, рече Трамп.
Вашингтон тврди дека сака да има конструктивен однос со Москва но односите се на најниско ниво откако без зајакнати санкциите против Москва поради руската улога во украинската криза и руската поддршка за сирискиот режим.




