Републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ја осуди надворешната политика на САД во времето додека Хилари Клинтон, ривалка во претседателската трка, беше државна секретарка и наведе дека таа треба да биде призната за основач на Исламска држава.
Трамп верува дека претседателот Барак Обама зажалил што Хилари Клинтон ја избрал на таа функција. Во обраќање на собир во градот Дејтона Бич, на Флорида, Трамп ја критикуваше политиката на Хилари Клинтон кон Блискиот Исток бидејќи таа, како што тврди, довела до создавање на Исламска држава.
– Тоа е заради неа. Треба да добие награда на Исламска држава како нивен основач, порача Трамп, пренесоа американските медиуми.