Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли повикот на висок американски судија за ревизија на Уставот и укинување на вториот амандман за поседување огнено оружје.
По оваа изјава на поранешниот судија на Врховниот суд на САД Џон Пол Стивенс, Трамп на Твитер напиша со големи букви “ВТОРИОТ АМАНДМАН НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ УКИНАТ”.
Врховниот суд е највисоката инстанца чувар на американскиот Устав. Вториот амандман во САД постои веќе две столетија и неговите поддржувачи сметаат дека тој во ниту еден случај не смее да биде сменет или укинат.
Повикот на судијата дојде до масовните протести во неделата против поседување огнено оружје. Демонстрантитем пред се млади, бараа строга контрола за вооружувањето, по масакрот во февруари во средно училиште во Флорида, кое се смета за најсмртоносното во историјата на САД.




