Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп по средбата со Си: Состанокот беше неверојатен, донесени се многу одлуки

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денеска во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки, објавија американските медиуми.

Лидерите на двете најголеми економии во светот, кои се заглавени во повеќемесечна трговска војна, се ракуваа и дадоа кратки изјави за новинарите пред состанокот зад затворени врати, за време на кој Трамп рече дека има добри односи со Си.

Ќе имаме многу успешна средба, не се сомневам. Но, тој е многу тежок преговарач. Тоа не е добро, рече Трамп пред неговата прва средба лице в лице со Си по шест години.

Си рече пред состанокот дека трговските преговарачи од двете земји постигнале напредок во решавањето на „големите прашања“ и дека верува дека САД и Кина треба да бидат „партнери и пријатели“.

Со оглед на нашите различни национални услови, не се согласуваме секогаш и нормално е двете водечки економии во светот да имаат тензии од време на време“, рече Си, кој исто така оцени дека односите меѓу двете земји се „генерално стабилни“.

По еден час и 40 минути, Си и Трамп ја напуштија зградата, се ракуваа и се разделија кон нивните соодветни поворки, без да дадат никакви изјави за печатот, и така Трамп ја заврши својата азиска турнеја.

Во изјавата што ја даде во претседателскиот авион враќајќи се во Вашингтон, Трамп им рече на новинарите дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки.

Тој потврди дека царините за кинеските стоки што се извезуваат во Соединетите Држави ќе бидат намалени и дека ќе ја посети Кина во април следната година, а дека Си ќе ги посети Соединетите Држави „некое време потоа“.

Трамп рече дека е постигнат договор дека Пекинг ќе работи „напорно“ за да го спречи влегувањето на фентанил во Соединетите Држави и дека се разговарало за полупроводнички чипови.

На скала од еден до десет, средбата со Си беше оценета со 12. Тој е одличен лидер на многу моќна земја, рече Трамп.

Тој рече дека купувањето нафта од Русија од страна на Тајван и Кина не било дискутирано за време на разговорот.

Трамп рече дека ги намалува кинеските тарифи за 10 проценти, со што вкупните американски тарифи за кинески стоки ќе достигнат 47 проценти, и дека тој и Си „дошле до заклучок за многу работи“, иако не објави трговски договор.

Тој рече дека Кина, која штотуку продолжи да купува американска соја по месеци бојкот, ќе купи „големи, огромни количини соја и други земјоделски производи“.

Трамп додаде дека Кина нема да постави „никакви бариери“ за своите ретки минерали, кои се клучни за производство на напредни технологии, и ќе го одложи спроведувањето на контролата на извозот за една година.

Трамп рече дека е „премногу зафатен“ за да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување во Азија, кое вклучуваше посети на Малезија, Јапонија и Јужна Кореја, но дека е подготвен да се врати.

Трамп претходно, најавувајќи ја средбата со Си, изјави дека очекува средбата веројатно да трае три до четири часа и дека очекува разговорите да „одат добро“ и дека фокусот на средбата ќе биде обидот да се постигне примирје во трговската војна меѓу САД и Кина.

 

Кина САД Си средбата Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.