Published: Monday, May 28, 2018 08:32
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека делегација на САД пристигнала во Северна Кореја за да се договори за неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Трамп на Твитер напиша и дека „Северна Кореја има брилијантен потенцијал“ и дека „еден ден ќе биде голема економска и финансиска нација“.
„Ким Јонг Ун се согласува со мене околу ова. Тоа и ќе се случи“, пишува Трамп.
Тој во четвртокот го откажа неговиот состанок, планиран за 12 јуни во Сингапур, а во петокот соопшти дека самитот сепак би можело да се одржи.




