Доналд Трамп има намера да ја поништи одлуката од 2014 година на Барак Обама за одмрзнување на односите со Куба.
Во говор на Флорида тој треба денес да најави забрана за сите трговски зделки на американски бизнисмени со кубански фирми контролирани од армијата на Куба, а на сила ќе стапат и построги ограничувања на туристичките посети на граѓани на САД во Куба.
Сепак, забраната нема да се однесува на повторното воспоставување на дипломатски односи што беше направено од Обама ниту на комерцијалните летови или крстарења.
Трамп со ова сака да ги задоволи неговите гласачи од Флорида кои се анти-кастристи.
Тешко е отсега да се каже какво ќе биде влијанието на оваа забрана на економски план. Во првите месеци на 2017 година 300.000 Американци патувале на Куба а во 2016 година посетите на Американците биле зголемени за 74 отсто во споредба со 2015 година.




