Во трката за номинација на Републиканската странка на претседателските избори во САД, Доналд Трамп синоќа претрпел тежок пораз во сојузните држави Вашингтон и Вајоминг, јавуваат американските медиуми.
Тоа значи дека трката за именување на кандидат од Републиканците, за претседател на САД станува се понеизвесна, јавува афенцијата АФП.
Американскиот милијардер Трамп води по анкетите и по бројот на освоените гласови, но сенаторот на Флорида, Марко Рубио синоќа го победи на внатрешните избори во американската престолнина.
Рубио освои 37,3 од гласовите, втор беше гувернерот на Охајо. Џон Кејсик, а Трамп заврши на трето место со 13,8 од гласовите.
Во вторник се очекуваат избори во сојузните држави: Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо.




