НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти

0
By Marija Todorovska on August 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: PIxabay
Фото: PIxabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи да се намали времетраењето на престојот во САД за странски студенти и новинари, бидејќи се заоструваат ограничувањата за легалната имиграција во земјата.

Според предлогот, странските државјани кои имаат студентски визи нема да имаат право да останат во САД повеќе од четири години.

Престојот на странските новинари ќе биде ограничен на 240 дена, иако тие би можеле да аплицираат за обновување за истиот период. Само кинеските новинари ќе бидат ограничени на 90 дена.

САД досега издаваа визи за времетраењето на студентската програма.

„Неимигрантските визи“, како и студентските визи, не можат да важат повеќе од 10 години.

Предлогот беше објавен во Федералниот регистар, службеното списание на федералната влада, отворајќи краток период за јавна расправа пред да стапи на сила.

„Предолго време, претходните администрации им дозволуваа на странските студенти и другите носители на визи да останат во САД речиси на неодредено време, што претставуваше безбедносен ризик, ги чинеше даночните обврзници непроценливи суми и ги ставаше американските граѓани во неповолна положба“, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.

Според статистиката на Министерството за трговија, странските студенти во 2023 година придонесоа со повеќе од 50 милијарди долари во американската економија.

САД во академската 2023-2024 година пречекаа повеќе од 1,1 милион странски студенти, повеќе од која било друга земја. Вообичаено земјата плаќа целосна школарина, а нивното присуство е клучен извор на приходи за американските универзитети.

„Предложеното правило испраќа порака до талентираните поединци ширум светот дека нивните придонеси не се вреднуваат во САД“, рече Миријам Фелдблум, раководител на група што ги претставува лидерите на американските високообразовни институции.

Во последните недели, администрацијата на Трамп го засили спроведувањето на законите за имиграција. Кон средината на август, Стејт департментот објави дека откажала 6.000 студентски визи од јануари. Околу 55 милиони носители на визи се погодени од зголемените проверки.

визи студенти Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.