Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на социјалната мрежа Truth Social дека е уверен дека американските агенции за спроведување на законот ќе ги откријат сите факти и причината за пукањето во Њујорк во кое беа убиени четири лица.
Моето срце е со семејствата на четирите жртви, вклучувајќи го и полицаецот од њујоршката полиција кој го даде својот живот. Бог да ја благослови њујоршката полиција и градот Њујорк, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Четири лица, вклучувајќи еден полицаец, беа убиени во пукотница во деловна зграда во центарот на Менхетен, а напаѓачот изврши самоубиство, објавија претходно денес властите на Њујорк.