Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп денеска изјави дека, доколку победи кандидатката на демократите Хилари Клинтон, нема позитивно да гледа на изборите.
– Ако не победам, тоа ќе го сфатам како огромно губење на време, енергија и пари, изјави Трамп во телефонски разговор за американската телевизија Фокс енд френдс.
Тој претседателската кампања ја нарече „неверојатен процес, кој му ја открил неостварена желба на американскиот народ“.
– Толку надежи и сништа кои не се оствариле и кои би можеле да бидат остварени со соодветно водство на државата, рече Трамп.
Тој додаде дека очекува победа во голем број сојузни држави, но дека не знае што ќе се случи на крајот и наведе дека во кампањата вложил над 100 милиони долари лични пари.
Според податоците на Сојузната изборна комисија, тој во кампањата вложил 66 милиои долари.




