Published: Monday, November 27, 2017 18:03
Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер предложи на медиумите, кои го претставуваат „најнеискрено“ да им се додели трофеј за лажни вести.
– Би требало да одржиме натпреварување и да видиме која мрежа е најнеискрена, најкорумпирана и која најмногу го извртува политичкото покривање на вашиот омилен претседател (мене). Сите се лоши. Победникот добива трофеј за лажни вести, објави Трамп на Твитер.
Во друг твит Трамп се пожали на Ем-Ес-Ен-Би-Си (MCNBC) и водителот на утринската програма на телевизијата Џо Скарбороу, забележувајќи дека емитувале емисија што ја снимиле во петок наутро, а не нагласиле дека емисијата не оди во живо.
Скарбороу на критиката на Трамп одговори дека Ем-Ес-Ен-Би-Си со години исмејува претходно снимени емисии.





