Published: Thursday, August 10, 2017 21:12
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Северна Кореја да биде многу исплашена ако и направи нешто на САД.
Тој рекол дека режимот ќе биде во неволја како што ретко кои нации биле, ако не се доведат во ред, пренесува BBC.
Неговите коментари доаѓаат откако Пјонгјанг го објави планот за напад со четири воени ракети на островот Гуам кој е територија администрирана од САД.
Тензиите меѓу двете земји ескалираат во минатите недели, откако Северна Кореја во јули тестираше две балистички ракети.
Обединетите Нации исто така одобрија понатамошни економски санкции против Пјонгјанг, како резултат на нивната програма за оружје.
Во вторникот, Трамп од Њу Џерси понуди „маслиново гранче“ и порача дека САД секогаш би прифатиле преговори.




