Published: Saturday, December 8, 2018 20:24
Кели е генерал од морската пешадија во резерва, кој стана шеф на Кабинетот на Трамп во јули 2017 година.
Трамп засега не открива кој ќе го наследи Кели, но додaде дека за еден или два дена ќе го објави неговото име.
Кели се пензионираше од воената служба во јануари 2016 година, чекор што ефективно го означи неговото префрлување во цивилниот живот. Речиси една година подоцна Трамп го назначи за министер за безбедност, по што стана шеф на неговиот кабинет.




