Published: Friday, December 1, 2017 22:11
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на неговиот Твитер профил дека државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон нема да биде сменет од функцијата.
Трамп ги оквалификува како „лажни вести“, тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека Тилерсон ќе биде резрешен.
„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Белата куќа подготвува планови да го отповика Тилерсон, а на негово место да биде поставен директорот на ЦИА Мајк Помпео.




