Весникот Washington Post ги објави трошоците на претседателството на Доналд Трамп во првиот месец од неговото доаѓање во Белата куќа. Трошоците на Трамп изнесуваат 11,3 милиони долари за само еден месец.
Семејството Обама трошело нешто помалку, околу 12,1 милиони долари, но во текот на цела една година. Накусо, Трамповци трошат 12 пати повеќе пари од Обамовци. Сето тоа се разбира доаѓа од џебовите на американските даночни обврзници.
Помеѓу трошоците на милијардерот Трамп се наоѓаат три патувања во Флорида во Мар-а-Лаго каде што тој има приватна резиденција и бизнис патувања на членовите на неговото семејство.
За трите викенди на Трамп во Флорида Американците платиле 360.000 долари.
Освен патувањата голем дел од трошокот оди на неговите телохранители и тајни служби за обезбедување на Трамп и неговото семејство.
«Ова е многу скап начин на водење на државата. Претседателот треба да биде свесен за тоа», изјави Том Фитон, претседател на една организација која има за цел да ги надгледува активностите на американската влада.




