Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Верувам дека Тилерсон по отказот ќе биде посреќен

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 13, 2018 18:32

Рекс Тилерсон е отпуштен. Експертите велат дека направил штета која ќе ја чини цела една генерација.

Тилерсон беше „еден од најлошите државни секретари“ во модерната историја, според експертите ширум политичкиот спектар.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отпуштил државниот секретар Рекс Тилерсон, беше соопштено утрово од Белата куќа.

Тој беше на таа позиција нешто повеќе од една година, со што е еден од оние кои најкратко се задржале на позицијата.

– Тилерсон би бил или е во близина на самото дно од списокот државни секретари, не само во периодот после Втората светска војна, туку за време на целото постоење на САД – вели Пол Масгрејв од Универзитетот од Масачусетс Амерст.

Поранешниот шеф на „Ексон мобил“ ќе ја напушти канцеларијата без некое големо достигнување. Ова се должи на тоа што тој не успеа да го наметне своето влијание во дебатите во администрацијата, за прашања како Северна Кореја или Русија.

Кога Трамп соопшти дека Тилерсон е неговиот избор за секретар на државата во декември 2016 година, заедницата за надворешна политика беше поделена во врска со назначувањето.

Како шеф на „Ексон мобил“, една од светски најголемите корпорации, се чинеше дека Тилерсон е повеќе од квалификуван за ефикасно да менаџира со Стејт департментот.

Заминувањето на Тилерсон беше одамна предвидено, по серија судири околу политиката. Но, соопштувањето само неколку часа откако слета во Вашингтон, по патувањето во Африка, го фати Тилерсон неподготвен.

Заменик државниот сектретар Стив Голдстејн рече: „Секретарот нема разговарано со претседателот и не знае која е причината, но е благодарен за дадената можност да служи, и се уште верува дека јавната служба е благороден повик“.

Голдстејн потоа е отпуштен, соопштија од Стејт департментот.

– Мајк Помпео, директорот на ЦИА, ќе стане нашиот нов државен секретар. Тој ќе заврши одлична работа! Благодарност до Рекс Тилерсон за неговата служба. Џина Хаспел ќе стане новата директорка на ЦИА, првата жена на таа позиција. Честитки на сите! – напиша Трамп на Твитер.

Трамп за отпуштањето на Тилерсон рекол дека „Јас всушност добро стоев со Рекс, но имаме различни гледања на светот“.

За новиот државен сектретар Мајк, Трамп коментира дека имаат сличен начин на размислување и би требало добро да се согласуваат.

– Со Мајк Помпео работам веќе некое време. Огромна енергија, страшен интелект, секогаш сме на иста бранова должина. Нашата врска е многу добра и тоа е она што ми треба за државен сектретар. Му посакувам на Тилерсон се најдобро – рекол Трамп.

Минатото лето беше објавено дека Тилерсон го нарекол Трамп „морон“ што не беше демантирано.

Трамп за новинарите изјави дека верува дека сега Тилерсон ќе биде многу посреќен, откако го отпуштил.

Мајк Помпео: Војник, шпион и републиканец кој стана дипломат

Човекот кој Трамп го назначи за нов државен секретар Мајк Помпео има импресивно резиме. Дипломирал ако еден од најдобрите во својата генерација на Вест поинт. Служел како војник задолжен за тенк во Европа. Студирал право на Харвард.

Работел како корпоративен адвокат кој лансирал успешен бизнис за авијација. Избран е од Конресот како „Tea party“ републиканец од Канзас во 2010 година. Пред да стане државен сектретар тој беше на чело на американската државна агенција за разузнавање ЦИА.

Работата како државен секретар е негово прво дипломатско искуство.

Помпео неодамна соопшти дека САД не би требале да бидат помеки кон Северна Кореја, пред планираните разговори меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Трамп.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.