Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а истовремено, американскиот воен секретар, Деаниел Дрискол, ќе се сретне со украински претставници за да го финализира мировниот план за Украина, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Ќе бидам информиран за секој напредок, заедно со потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, секретарот за војна Пит Хегсет, како и шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.
Тој изрази надеж дека наскоро ќе се сретне со Путин и со Зеленски, но „само ако планот за завршување на војната е завршен или е во завршна фаза“.
Трамп истакна дека во текот на изминатата недела е постигнат голем напредок во завршувањето на војната и го повтори своето тврдење дека војната меѓу Русија и Украина немаше да започне во 2022 година ако тој беше претседател во тоа време.
Тој изјави дека во последниот месец, 25.000 војници загинале во војната и дека мировниот план, кој првично содржел 28 точки, сега е ревидиран со приговорите на Украина и САД, и дека остануваат само неколку точки несогласување.

