Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп во паника, ги моли неговите фанови да му ја платат обврзницата од 464 милиони долари

0
By Marija Todorovska on March 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп испрати панична порака до своите поддржувачи за собирање финансиски средства со која ги моли да му помогнат да ги подмири неговите правни сметки.

Очајниот меморандум, насловен „Држете ги вашите гнасни раце од кулата Трамп!“, доаѓа како резултат на тоа што се ближи крајниот рок што истекува во понеделник за да ја плати неговата обврзница од 464 милиони долари во пресудата за судење за измама во Њујорк, пишува Индипендент.

„Држете ги вашите гнасни раце од кулата Трамп!“ се вели во текстот, поврзувајќи се со придружниот меморандум во кој се вели: „Лудата радикална демократка А.Г. Летиција Џејмс сака да ми ги заплени имотите во Њујорк. ОВДЕ СЕ ВКЛУЧУВА ИКОНИЧНАТА ТРАМП КУЛА! Демократите мислат дека ова ќе ме заплаши. Тие мислат дека ако ми ги земат парите за да ја задушат мојата кампања, ќе се откажам! Еве една работа што не знаат: НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!“

Избезумениот тон на молбата е во целосна спротивност со изјавата дадена од портпаролот на Трамп Стивен Чеунг за Си-Ен-Ен во средата, во која тој го отфрли известувањето на мрежата дека претпоставениот републикански претседателски кандидат е во „паничен режим“ поради ова прашање како „чисти глупости и лажни вести“.

Како што стојат работите, Доналд Трамп – кој се прослави со луксузен имот пред да се сврти кон реалити телевизијата, а потоа и во политиката – има рок до 25 март да ги собере парите ако сака да ја обжали пресудата од минатиот месец на судијата Артур Енгорон .

Судијата му нареди на Трамп да плати околу 355 милиони долари казни и дополнителни 100 милиони долари плус камата за погрешно прикажување на вредноста на средствата на Организацијата Трамп помеѓу 2011 и 2021 година, со цел да добие поволни заеми од банки и осигурителни компании.

Со каматата која постојано расте од 9 отсто или 120.000 долари дневно, точниот вкупен износ што тој го должи во моментов изнесува неверојатни 467,6 милиони долари, според веб-страница „Trump Debt Counter“.

Јавната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс наскоро би можелa да започне со запленување на некои од имотите на Доналд Трамп, доколку поранешниот претседател не може да излезе со обврзница од 464 милиони долари во случајот против него за граѓанска измама.

Вчера Newsweek го објави целосниот список од канцеларијата на јавниот обвинител во кој се наведени имотите во сопственост на Трамп кои имале „измамнички“ и „лажни“ вредности и може да завршат запленети.

Подготви: Ј. Ѓ. / Фронтлајн

обврзница САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.