Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе допатува во Израел каде ќе се обиде да најде начин за постигнување израелско- палестински мир, во што неговите претходници не успејаа.
Трамп пред посетата изјави дека тоа би можело да биде многу полесно отколку што се мисли. Тој ќе биде и првиот американски претседател кој ќе го посети Ѕидот на плачот, најсветот место за Евреите, во Источен Ерусалим.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред посетата изјави дека тема на разговорите со Трамп ќе бидат напортите за постигнување мир.
Тој ја потенцира важноста на посетата на Трамп на Ерусалим како дел од неговото прво патување во странство од преземањето на функцијата, откако Трамп се дистанцираше од предизборбните ветувања дека амбасадата на САД ќе ја премести од Тел Авив во Ерусалим.
Утре, Трамп ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Витлеем на Западниот брег, ќе го посети меморијалниот комплекс Јад Вишем изграден во чест на жртвите на Холокаустот, а ќе одржи говор во Израелскиот музеј.




