Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Време е Хамас да го прифати мировниот план за Газа

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 30, 2025 08:07

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати мировниот план за иднината на Газа, кој тој го усогласи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Не сме сосема готови. Треба да го убедиме и Хамас, но мислам дека тие ќе успеат да го сторат тоа. Затоа е време Хамас да ги прифати условите на планот, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Тој ги повика и Палестинците да ја преземат одговорноста за својата судбина и да извршат притисок за прифаќање на мировниот договор, кој според него ќе донесе трајна безбедност за Израел.

– Многу Палестинци сакаат да живеат во мир. Ги повикувам да ја преземат одговорноста за својата иднина, бидејќи токму тоа им го нудиме, истакна Трамп.

Нетанјаху порача дека Израел го прифаќа планот, оценувајќи дека со него се постигнуваат воените цели – враќање на сите израелски заложници, уништување на воените капацитети на Хамас, крај на неговото политичко управување и гаранција дека Газа никогаш повеќе нема да биде закана за Израел.

Лидерите на опозицијата во Израел, Бени Ганц и Јаир Лапид, исто така, изразија поддршка за планот. Една од неговите клучни точки е разоружување на Хамас.

Но, претставникот на Хамас, Махмуд Мардави, изјави дека движењето не го добило мировниот план на Трамп. Според извори на западни медиуми, катарскиот премиер и шефот на египетското разузнавање им предале список со 20 точки, кои преговарачите на Хамас рекле дека ќе ги разгледаат и ќе дадат одговор.

Белата куќа претходно објави дека планот предвидува крај на војната и ослободување на сите заложници во рок од 72 часа од прифаќањето на договорот од страна на Израел. Доколку и двете страни се согласат, „војната ќе заврши веднаш“, стои во документот. Израелските сили ќе се повлечат на договорени линии за подготовка на ослободувањето на заложниците. Потоа Израел ќе ослободи 250 Палестинци осудени на доживотен затвор, како и 1.700 жители на Газа уапсени по 7 октомври 2023 година.

 

газа прифати трампл план Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.