Published: Monday, September 11, 2017 19:13
Доналд Трамп за првпат присуствуваше како претседател на комеморација по повод 9/11, означувајќи 16 години од нападите – пренесува „BBC“.
Тој и неговата прва дама, Меланија, присуствуваа на оддавањето почит со едноминутен молк во Белата куќа, а потоа и во Пентагон.
Илјадници се собираат ширум земјата да го обележат најсмртноносниот напад на тлото на САД.
– Нашите вредности ќе издржат, нашите луѓе ќе пркнат, нашата нација ќе преовлада и споменот на нашите сакани никогаш нема да умре – рече Трамп.




