Доналд Трамп кој најизвесно ќе биде кандидат на Републиканците за претседателските избори во САД изјави дека нема да им издава акредитации на новинарите од весникот Вашингтон Пост за присуство на неговите митинзи од кампањата.

Оваа скандалозна изјава на мултимилионерот ја дополни со тоа што рече дека не сака овие новинари да ги гледа во делот предвиден за новинари на неговите митинзи.

-Бидејќи известуваат неточно од случувањата на мојата кампања, ги укинуваме новинарските акредитации за лажниот и нечесниот Вашингтон пост, напиша Трамп на Фејсбук.

Вашингтон пост е еден од најтиражните весници во САД, кој ангажираше цел тим новинари да напишат книга за Трамп која треба да излезе на крајот од годината.