Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трампманија во Словенија:Торти, мед, долна облека со името на Меланија

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2017 13:26

Словенечката песна за патот на Меланија Трамп од Севница, Словенија, директно на врвот на светот стана хит не само во татковината на првата дама на САД. Ја отпеа шестчлениот бенд „Ансамблот Славичек“, формиран во 1990 година, а по победата на Доналд Трамп бендот повторно доби пет минути слава. Ја пренесоа сите светски медиуми, а Словенците знаеја дека Меланија може да стане нивен златен рудник. Еден по еден излегуваа производи со името и фотографии на американската прва дама.

Слаткарница во родното место на Меланија, Севница, направи торта Меланија, а други прават палачинки со нејзино име. Дури почна да се продава и мед со нејзината фотографија.

Една словенска компанија издаде и линија на минерална вода со името на американскиот претседател, почнаа да се готват претседателски специјалитети, а Севница почна да се подготвува да стане туристичка мета.

Фактот дека Словенката е на чело на САД отиде толку далеку што почнаа да се продаваат и колекции на долна облека и штикли со нејзино име. Лудилото кулминираше во празничниот период, па борот на главниот плоштад на Љубљана го нарекоа Меланија.

Сепак, на сево ова крај му стави словенечката адвокатка Наташа Пирц Мусар. Нејзе лично и се јавила Меланија за да може да ги одбрани своите права во родниот крај. Иако има многу работа и се подготвува за вселување во Белата Куќа, Меланија решила дека еуфоријата во Словенија мора да стивне.

Наташа Пирц Мусар е поранешна новинарка, а во адвокатските кругови се зборува дека Меланија не можела да одбере подобар експерт кој ќе ги брани нејзините права. Адвокатката Мусар дипломирала право на Универзитетот во Љубљана. Потоа се вработила во словенечката национална телевизија.

Кариерата ја продолжила во „24“ и „ПОП ТВ“. Дополнително соработувала со „Си-Ен-Ен“, „ББС“ и „Скај Њуз“. Пред 15-тина години преминала во приватна компанија, а потоа се вработила во Врховниот суд, па во Владата го водеше секторот за комуникации. Во 2009 година словенечкиот претседател Данило Турк лично ја препорачал да врши надзор на работата на „Европол“. Во 2015 ја отвора својата адвокатска канцеларија Пирц Мусар и партнерите.

(лево) адвокатката Наташа Пирц Мусар и Меланија Трамп

Со Меланија никогаш лично не се запознала. Првиот пат се слушнале телефонски, со цел адвокатската канцеларија да ја следи ситуацијата и да направи попис, кој се’ користи податоци и фотографии на Меланија во комерцијални цели.

„Направивме посебен извештај во кој и’ појаснивме што вели правото за нејзината ситуација. Направивме список за што се’ се злоупотребува. После тоа објавивме соопштение во јавноста со цел луѓето да се освестат. Досега никој не сме тужеле.“, вели адвокатката.

Меланија, додава таа, не е никакво јавно добро, па за неа важат истите правила и закони како и за останатите јавни личности.

„Словенија има и други познати луѓе, како што се спортисти. Ја имаме Тина Мазе, па и Јаков Фак, но ним не им прават тоа што го прават за Меланија“, вели Мусар.

Според словенските закони ако нешто сака да се искористи во комерцијални цели, потребна е дозвола и потпис од личноста, а Меланија тоа не го дозволила. Признала дека добила понуди, но сите ги одбила.

„Нејзе пари не ја интересираат. Нема потреба од комерцијализација и не и’ требаат дополнителни финансии, како што е случај со спортистите.“ објаснува адвокатката.

Тужби ќе има во случаи ако злоупотребата на Меланија продолжи и покрај предупредувањето.

Сепак Меланија со симпатии гледала на некои работи. На пример, многу и се допаднала тортата која го добила нејзиното име. Направена е од бел крем, а на врвот се наоѓаат златни листови. Едно парче чини 3 евра. Слаткарите се убедени дека при првата посета на родниот крај, правата дама на САД нема да одолее и ќе ја проба тортата „Меланија“.

извор 24sata.hr

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.