Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трансродова жена доби промена на матичната евиденција

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трансродова жена доби случај пред Управниот суд на Република Македонија

Промена на податоците во матичната евиденција, односно ознаката за пол и матичниот број, како што соопштија од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“,  е резултат од усвојувањето на тужбеното барање на трансродова жена кое беше објавено денеска, на јавна седница во Управниот суд.

Постапката којашто ја водеше Коалицијата, трае од 2014 година, бидејќи Управата за водење на матични книги и Министерството за правда ги одбиваа барањата без основано образложение.

Во меѓувреме, трансродовата жена се соочуваше со секојдневни проблеми во остварувањето на нејзините права. Неусогласеноста на податоците во личната карта со нејзиниот изглед и личното име ја доведуваа во непријатни и понижувачки околности во различни институции, при што постојано беше принудена да објаснува за сопствениот идентитет во присутво на трети и непознати лица. Како, на пример, при посета на лекар, преминување на граница, на шалтер во банка, во јавен транспорт и друго.

Трансродовите лица кои сѐ уште не успеале да ги променат своите лични документи секојдневно се соочени со искуства на понижување, срам и страв во сите ситуации кога е потребно да приложат документ за лична идентификација.

-Ваквата одлука ќе ги охрабри другите трансродови луѓе да поведат постапка за правно признавање на родот, вели Наташа Бошкова, правен советник од Коалицијата и адвокатка која го водеше случајот пред Управниот суд, во изминатите две години.

Таа, истовремено, ја повикува Управата за водење матични книги, веднаш да ја спроведе пресудата и да ја направи промената во матичната евиденција на ова лице.

-Но исто така е од исклучителна важност да ги усвои тековните и идните барања на трансродовите луѓе, со цел да се избегнат долготрајните процедури и талкањето по правните лавиринти, додава Бошкова.

Досега во Коалицијата се обратиле дваесетина трансродови лица, од кои само мал број се охрабриле да отпочнат постапка. Во тек се шест постапки пред институциите и судовите, како и пред Европскиот суд за човекови права. Некои од овие постапки се отпочнати уште во 2011 година и сѐ уште не се решени.

пресуда промена на матичната евиденција Трансродова ќена Управебн суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.