Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транссексуална жена била дискриминирана во аптека

0
By Biljana on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 14:15

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД) утврдила директна дискриминација по основ на родов идентитет сторена врз транссексуална жена од страна на аптеката „Виола“, информираше Коалицијата МАРГИНИ. Дискриминацијата, според нив, била сторена преку барање на специјалистички извештај за добивање на лек и покрај уредно приложени рецепти, читање на глас на лични податоци пред трети лица и вребално вознемирување од страна на апотекарката.

Согласно „Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лекови“, лекот се издава со рецепта. Апотекарот нема право да го условува издавањето на лекови со доставување на специјалистички извештај.

КСЗД препорача на аптеката Виола во иднина да им обезбеди непречен пристап до добра и услуги на сите трансродови лица и да спроведе обука за подигање на свеста и сензибилизација на своите вработени за работа со маргинализирани категории на граѓани, вклучително и со трансродови лица.

Коалицијата МАРГИНИ за истиот случај се обрати и до Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови, кои и прокрај забраната за дискриминација во законите од областа на здравството се прогласија за ненадлежни. Случајот беше пријавен и во Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој никогаш не достави одговор.

“Жалбата до Фармацевстката комора беше отфрлена како неуредна бидејќи не можевме да го дознеме името и презимето на апотекарката, сторителка на повредата и покрај објаснувањето дека тоа не е возможно. Со тоа, Фармацевстката комора не го префрли товарот на докажување на сторителот, аптека Виола, која единствено може да го знае идентитетот на аптекарката, застанувајќи на страна на сторителите на дискриминација“, информираат од МАРГИНИ.

Бараме КСЗД да го следи спроведувањето на препораката и дополнително да пропише рок за нејзино спроведување. Доколку сторителот не ја спроведе препораката во разумен рок, бараме КСЗД да покрене прекршочна постапка против аптеката Виола.

Трансродовите луѓе често се сретнуваат со дискриминација во пристапот до добра и услуги, особено во здравството. Од една страна, здравствените услуги не се прилагодени на потребите на оваа група, а од друга страна, здравствените работници често ги навредуваат и стигматизираат трансродовите луѓе, велат од МАРГИНИ, и бараат Министерството за здравство да ја унапреди законската рамка од аспект на дискриминација, да ги зајакне капацитетите на институциите за заштита на човековите права, правата на пациенти и недискриминацијата, како и да даде јасни насоки на институциите за постапување во случаи на дискриминација согласно стандардите во областа.

аптека дискриминација Комисија за заштита од дискриминација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.