Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска-Брнз: Ќе информираме за колкав број на бегалци од Украина може да обезбедиме помош и подд

0
By Biljana on March 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

На средбата, двете соговорнички се осврнале на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување, како и на актуелната состојба во Украина.

„Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Северна Македонија е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека каков било напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога во делот на процесот на подготовка за прифаќање на граѓани од Украина кои ја напуштаат својата држава, во делот на обезбедување на соодветен престој, заштита и поддршка во периодот додека трае ваквата состојба во Украина. Со информација, Владата ќе ја информираме за можностите кои ги има Министерството за труд и социјална политика и за капацитетите со кои располагаме. Ќе информираме за колкав број на бегалци и граѓани на Украина кои ја напуштаат својата држава ќе можеме да им обезбедиме поддршка и помош, овде во нашата држава“, рече Тренчевска.

Амбасадорката Брнз посочила дека заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот.

Министерката Тренчевска ја информирала амбасадорката за политиките и предизвиците на Министерството во областа на човековите права, повисок животен стандард, во делот на реализирањето на социјалните реформи, имплементирањето на мерките од Оперативниот план, за Законите за родова еднаквост, за вработување на лицата со попреченост и за Законот за работни односи, за поголемо учество на жените во политиката, за Стратегијата за инклузија на Ромите.

Тренчевска се заблагодарла на поддршката што нашата држава ја добива од САД и ја информирала амбасадорката, дека мерките за самовработување и обуки даваат одлични резултати, кај младите, жените и лицата со попреченост, бидејќи овозможуваат нивно активно вклучување на пазарот на трудот.

Јованка Тренчевска Кејт Мари Брнз МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.