Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Го реализираме даденото ветување за покачување на минималната плата на 18.000 денари

0
By НОВА ТВ Balaban on February 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 17, 2022 19:09

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија,  кој се носи по скратена постапка, ja помина процедурата на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Членовите на Комисијата и од власта и од опозицијата го поддржаа законското решение со кое минималната плата  ќе изнесува 18.000 денари нето износ, односно 26,422 денари во бруто износ.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Владата и Министерството го реализираа даденото ветување со што директно се придонесува за повисок животниот стандард на работниците. Таа посочи дека потребата од зголемување на минималната плата е резултат на појавата на порастот на цените на одделни производи, кои се од витално значење за работниците, а со тоа и на домаќинствата.

„Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од месец март оваа година. Зголемувањето на минималната плата, ја наметна потребата и за обезбедување на одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата“, рече Тренчевска.

Со предлог измените  на Законот за минимална плата  направена е промена на  критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Со цел системското решавање на прашањето,  висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Предлог измените предвидуваат финансиска помош од Буџетот на Република Северна Македонија за периодот март-декември 2022 година, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата кој со предлог законското решение, изнесува 62%“, рече Тренчевска.

За потребата од измена на критериумите за усогласување на минималната плата и зголемување на истата, се произнесоа и претставници на работниците и на работодавачите, како и Економско-социјалниот совет.​

ветување Го реализираме Минималната плата Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.